ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МОН ги прифаќа критиките за училишните текстови

МОН ги прифаќа критиките за училишните текстови

Министерот за образование Јетон Шаќири во интервју за Алсат вели дека ќе ги поздрави сите критики и забелешки од експертите за образованието во однос на учебниците од новиот наставен концепт, особено за букварот за второ одделение, кој предвидува учење на само ракописните букви. Шаќири вели дека новиот наставен концепт е со цел да го подигне квалитетот на образованието, а не да им штети на учениците. Тој апелираше до педагозите, наставниците и експертите да ги достават своите забелешки до Секторот за образование.

„Секоја забелешка и секоја образовна програма мора да биде прифатена во најдобра смисла од сите, не постои образовна програма која е совршена од гледна точка на нејзиното спроведување. Ако има други забелешки од стручните лица и од другите дека има застој во напредокот на учениците од преминот во прво во второ одделение, за ова дефинитивно ќе го слушам гласот и ќе бидам гласот на експертите да се промени нешто на подобро во образовниот процес за децата, во конкретниот случај за овој предмет“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Новиот наставен концепт, кој во учебната 2022-2023 година ќе ги опфати второто и петтото одделение, повторно наиде на критики од експерти за образование. Ден претходно, професорот Авзи Мустафа изјави дека букварот за второ одделение предвидува учениците да ги учат само ракописните, а не и печатните букви, како што беше вообичаено за ова одделение. Како што рече, тоа ќе предизвика потешкотии и кај учениците и наставниците.

„Ракописот бара повеќе работа, повеќе посветеност, може да дојде до степен ученикот да не е заинтересиран. Потоа да се чита текст со ракописни букви е голема грешка бидејќи ученикот попрво ќе се вклучи со сите сетила за да може да ја определи буквата и ќе заостанува додека да ја поврзе. Ќе имаме читатели кој ќе бидат многу слаби“, нагласи Авзи Мустафа, професор.

Мустафа го критикуваше и намалениот број часови по мајчин јазик, пет часа неделно. Според него, малиот број часови ќе предизвика застој кај учениците во пишувањето и читањето. Реализирањето на наставната програма според новиот наставен концепт предвидува училиштата да се снабдат со дигитални табели, компјутери, дигитална опрема како камера, телефон, телевизор или радио, но и логични плочи, градинарски алати и слично. Бирото за развој на образованието објави наставни програми за предметите за второ и петто одделение, а Министерството за образование го чека издавањето на нови учебници за предметите.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button