
Најчитаниот спортски весник во Шпанија „Марка“ дава нови информации околу иднината на Лука Модриќ во Реал Мадрид. Хрватот во оваа сезона е во втор план, пред се поради одличната форма на Џуд Белингем, а Хрватот поради неговите години би можел на лето да си замине од најтрофејниот европски клуб.
„Марка“ пренесува дека Модриќ по крајот на сезоната ќе си замине од Реал Мадрид, меѓутоа нема да оди во пензија, туку ќе се пресели во Саудиска Арабија.
Реал Мадрид се засили со Ендрик, бразилскиот „вундеркинд“ кој има 17 години. Токму од тука „кралевите“ ќе се разделат до Модриќ, а Саудиска Арабија го чека. Сега останува самиот фудбалер да одлучи дали ќе продолжи да игра за Арапите, или, пак, ќе се реши да ја заврши кариерата.