ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Модуларните амбуланти иако се изградени, не се пуштаат во употреба

Модуларните амбуланти иако се изградени, не се пуштаат во употреба

Министерството за здравство најавува дека наскоро ќе бидат пуштени во употреба веќе изградените модуларни амбулантиа во некои општини во Скопје. موقع مراهنات 365 Министерот Сали рече дека ова прашање се одвлекува бидејќи дел од градоначалниците се противат на соработка и одбиваат да ги приклучат амбулантите на водоводна и канализациона мрежа.

„Овие објекти се наоѓаат во три различни општини во кои наидуваме на тешкотии во комуникацијата и реализацијата на оваа конечна цел која Министерството за здравство ја спроведе во текот на 2021 година. За жал, сè уште немаме конечно решение, дојдовме во ситуација каде што е завршен градежниот дел, но не можеме да се приклучиме на водоводна, канализациона и електрична мрежа без поддршка од локалната самоуправа“, рече Беким Сали, министер за здравство.

Меѓу овие општини е и Бутел. كازينو اون لاين Од таму велат дека не се противат на соработка со Министерството за здравство, но остануваат на ставот дека модуларната амбуланта во оваа општина треба да се дислоцира за да се ослободи простор за изградба на поликлиника од темел. Жителите на Бутел бараат да се користи модуларната амбуланта, доколку истата е безбедна и ги исполнува сите услови за работа.

Жителите на Бутел добиваат здравствени услуги во објектот на Здружението на пензионери. كيف تربح المال من الإنترنت Тие изразија револт од лошите услови во овој објект./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button