СВЕТ

Москва и Вашингтон ги отфрлија извештаите дека САД и понудиле на Русија таен мировен план за Украина

Кремљ денеска ги отфрли како „измама“ извештаите дека директорот на американската ЦИА Вилијам Барнс и понудил на Москва таен мировен договор кој вклучува отстапување на украинска територија на Русија.

Advertisements

Запрашан дали Барнс отпатувал во Москва или предложил план со кој Украина отстапува 20 отсто од својата територија, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите: „Целиот тој извештај е измама“. Наводите, објавени од швајцарскиот весник Ној Цирхер Цајтунг, исто така беа отфрлени од Вашингтон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button