ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муареми: Во Финансиската полиција се вршат проверки зошто имотот на „Трансмет“ не може да биде конфискуван

Во Управата за финансиска полиција (УФП) се постапува по наредба добиена од страна на надлежен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по која се вршат проверки, и сите тие проверки на крај ќе резултираат со исход кој ќе покаже кое е објаснувањето зошто имотот на „Трансмет“ не може да биде конфискуван, вели во интервју за порталот „Локално“ директорот на УФП, Арафат Муареми.

Тој во интервјуто кажува дека на барање на Финансиската полиција Основниот граѓански суд им ја доставил целокупната документација од стечајниот предмет, како и дел од предметите кои се водат пред истиот суд, а каде како странки се Државното правобранителство и фирмата „Трансмет“. Документацијата, вели Муареми, во овој момент се анализира и за тоа што ќе го констатира финансиската полиција ќе биде известено јавното обвинителството.

Муареми како поранешен истражител во СЈО, заедно со обвинители Гаврил Бубевски и Артан Ајро и поранешниот сопственик на „Трансмет, Сеад Кочан, доби кривична пријава од Државното правобранителство поради постапката за конфискација на имот. Кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување и за несовесно работење.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button