ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муареми за Русковска: Секоја злоупотреба треба да биде санкционирана

Поранешниот директор на Финансовата полиција, Арафат Муареми за Алсат ја искоментира вчерашната одлука на дисциплинската комисија за разрешување на обвинителката Вилма Русковска. Токму Муареми беше пријавителот по чија иницијатива доведе до предлог за разрешување на Русковска, откако таа спроведе претрес во неговата канцеларија.

„Стручноста и интегритетот се основа на секој професионалец и верувам дека при процесот на одлучување тоа се основните параметри кои во овој конкретен случај се ценеле од страна на Комисијата“, кажа Муареми.

Тој претходно обвини дека Обвинителството за организиран криминал незаконски го спровел претресот, а наводи за недоследности беа утврдени и во специјалниот извештај од републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

„Јавнообвинителската функција постои за да се почитува законот, да се поддржува системот и неговата ефикасност, а на обратно. Секоја злоупотреба треба да биде соодветно санкционирана и одговорност за секое незаконито постапување мора да има“, порача Арафат Муареми.

Дисциплинската комисија утврди дека поранешната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда и предложи разрешување. Чекајќи ја одлуката, Русковска беше и суспендирана од работа, одлука која таа ја нараче атак врз правото и правдата. Уште една нејзина колешка заработи парична казна за претресот во Финансовата полиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button