ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муса Ибраими ќе биде нов пратеник на местото на Џафери

Поранешниот новинар Муса Ибраими ќе биде нов пратеник на местото на претседателот на Собранието Талат Џафери откако тој ќе беше предложен за премиер на техничката Влада.

Ова го соопшти Џафери на последниот брифинг со новинарите за годинава.

Џафери потенцира дека следен на изборната листа бил актуелниот министер за образование и наука Јетон Шаќири, но како што информира, тој останува на актуелната функција.

Муса Ибраими претходно бил пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција во парламентарниот состав 2014-2016.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button