ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан  Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и за празник за духовно и за телесно прочистување.

По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

Рамазан Бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста.

Празникот Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани во државава.

По повод празникот Рамазан Бајрам, вчера Реисул Улема Шаќир Фетаи упати честитка до верниците од исламска вероисповед.
-Празникот Рамазан Бајрам е триумф на доброто над злото, на духовноста над страста и емоциите, на моралот над неморалот, на искреноста над измамата, на акцијата над небрежност, на оптимизмот над очајот, на достоинство над нестабилност, на трпение над нетрпеливост, на божествено над сатанско. Сето тоа нас не прави личност на дејствување во негувањето на доброто и избегнувањето на злото. Ова е вистинскиот пат и ова е подигање на свеста на верникот кој во вистински момент е подготвен да даде одговори на предизвиците и ситуациите кои ги носи времето во кое живееме, вели реисот Шаќир Фетаи.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button