ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муслиманските верници денеска ги почнаа Рамазанските пости

Муслиманските верници денеска почнаа да постат во рамки на Светиот месец Рамазан. Позитивните ефекти од постот ги изучува и науката. Но, доктор Анкица Станоевска, специјалист по семејна медицина, вели дека и покрај многуте придобивки од нејадењето храна, масните оброци за време на ифтарот можат да го влошат здравјето на некои од оние кои постат. Таа подетално зборуваше за ова во емисијата „Огледало на здравјето“ на Алсат.

Advertisements

Според исламските религиозни правила, одредени категории верници како што се малолетните, постарите, болните и трудниците се исклучени од потребата да постат. Жените за време на месечниот циклус и оние кои патуваат се привремено ослободени. Теологот Нухи Ганиу вели дека постот освен што има позитивно влијае на здравјето, влијае и на расположението.

„Ова е институција, образовна академија која го воспитува верникот. Болните и кои патуваат нека надоместат со други денови надвор од овој месец. Болните кои немаат надеж и им е забрането со препораките на лекарите да постат, секој ден надоместуваат со хранење за сиромашните“, вели Нухи Ганиу, теолог.

На муслиманите им било заповедано да постат за време на Рамазан, пред повеќе од 1.400 години. Но, претходно и старите Грци препорачувале пост за заздравување на телото, а денес некои научници повикуваат на модифициран пост за физички и ментални придобивки. Месецот Рамазан годинава ќе заврши на 1 мај, недела.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button