ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муслиманските верници утре го слават празникот Бајрам додека граѓаните ги прават последните подготовки

После еден месец пост, утре муслиманските верници го слават рамазан Бајрам, додека празничната атмосфера се чувствуваше денес. Повеќето граѓани подготовките ги оставиле за последниот ден. На тесни простори помеѓу тезгите со овошје и зеленчук на зелените пазари се создаваше гужва. Сите брзаа да купат храна или производи што им недостасуваат за утре да им биде трпезата богата. Според нив, денеска цените биле поевтини отколку во месецот Рамазан.

„Купив нешто, ќе купам нешто подоцна. Поевтино, некои цени се намалија малку, веројатно заради Бајрам, бидејќи беа поскапи за време на Рамазан.

За децата дали купивте нешто?

Да купивме локум, чоколади, бонбони. Тажно што Рамазан заврши. Поминавме многу добро, нека Господ ги прифати делата на оние што постеле“.

„Кадаиф, крем бабани, бонбони за деца. Не ги гледам цените, само купувам што ми треба.

Дали ја чувствувате атмосферата за Бајрам?

Секако. Оној што постел чувствува радост“ Граѓанин

„Цените беа добри. Пиперките беа 120 денари, сега се 70-60 денари

 Граѓанин „Гледам си купила кори, дали ќе правите баклава? -Секако.
Како се цените за Бајрам? -Добри се, прифатливи, не се високи” Други пак денеска го посветија денот на децата. Децата бираа најубава облека, која ќе ја носат утре кога ќе одат кај соседите и роднините за Бајрам. За разлика од минатата година, оваа година верниците ќе можат традиционално да го слават празникот Курбан Бајрам, бидејќи институциите одлучија вечерва да нема полициски час до утре на полноќ.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button