ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бетонски зданија се уште никнуваат околу Охридското Езеро,е кологистите бараат итна реакција

На денот на Охридското Езеро 21 јуни, најстарото езеро во Европа и понатаму се соочува со сериозен проблем на бетонизација на крајбрежјето. Во време кога УНЕСКО најавува ставање на регионот на листата на загрозени подрачја, на струшка страна кај селото Радожда, граѓанските активисти алармираат дека езерскиот брег повторно се бетонира, за што говорат и овие фотографии и снимки. Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко неодамна не само што повторно изјави дека во Струга нема дивоградби, туку побара никој да не чепка во Радожда.

„Немојте да ја чепкате. Затоа што таму не се овој стил на платформи. Тоа е крајбрежје каде што било и ќе биде и понатаму дел од развојот на село Радожда“, изјави Рамиз Мерко-градоначалник на Струга.

Според граѓанските активисти, последните активности за отстранување на платформите е далеку од намерата за решително постапување со дивоградбите. Според нив, се што се прави нема да ги омекне ставовите на УНЕСКО.

„Бидејќи ова е очигледно дека е кампањско работење, очигледно е дека е театар, а не посветеност. Во пет до 12 да се ора со багери во најстарото езеро во Европа не е посветеност на исполнување на препораките. Ова не е ништо од тоа што го бара УНЕСКО. Токму е спротивното од она што го бара УНЕСКО. УНЕСКО бара стратегија, бара да види зрелост и способност со управување со еден вака скапоцен регион“, рече Драгана Велковска-ОХРИД СОС.

Езерото се чува само со спротиставување, со легални акти, со планови за акција, вели Дејан Паноски координатор на проектот за Дримскиот базен.

„Денес е исто така јасно дека езерото повеќе е објект за битка помеѓу дневно политички минливи ликови, отколку битка за научни докази и стручни планови. Како поинаку да се објасни игнорантскиот однос на општеството кон науката и стручноста во овој домен. Во изминатава година, езерото имаше два свои моменти. Прво, оној со УНЕСКО во кој се изместија сите вредности и вистини и се се сведе на некакви дивоградби кои во суштина не се унесков поблем туку проблем на нас самите. Вториот момент е донесувањето на Планот за управување со сливот на Охридско Езеро. Целиот свет го поздрави овој важен документ. Само кај нас наиде на молк и игнорирање“, нагласи Дејан Паноски-координатор на проектот за Дримскиот базен.

Денот на Охридското езеро почна да се слави од 2000 година, но од тогаш до денес според стручната јавност многу малку е направено за неговата заштита.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button