МВР апелираше на поголема внимателност поради зголемените измами преку телефон

Граѓаните се повеќе стануваат плен на измамници кои преку телефон се обидуваат да добијат доверливи информации. Министерството за внатрешни работи соопшти дека презема мерки за истрага и управување со телефонската измама.
„Измамниците често се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании за да ги измамат жртвите. Секторот за компјутерски криминал извршил проверки во врска со телефонска измама и утврдил дека може да се користат повеќе средства за манипулирање со повици“, велат од МВР.
Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни кога добиваат повици или пораки од манипулатори.
„Бидете внимателни кога примате повици од непознати броеви или од броеви кои се чини дека се доверливи институции. Никогаш не споделувајте лични информации, банкарски информации или лозинки преку телефон. Доколку се сомневате дека сте биле жртва на ваква измама, веднаш пријавете го случајот во најблиската полициска станица“, порачуваат од МВР.
Ваквите измами сега им се добро познати на надлежните институции, бидејќи ова не е прв пат граѓаните да бидат измамени на различни начини.
Линда Ебиби