МВР и ОЈО не кажуваат што имаат в раце за случајот „Онкологија“
МВР и ОЈО не кажуваат што имаат в раце за случајот „Онкологија“

Јавното обвинителство и МВР продолжуваат со предистражните дејствија во врска со скандалот на Клиниката за онкологија. Во оваа фаза ниту МВР, ниту обвинителството не споделуваат информации за преземените дејствија со тврдење дека постапката била чувствителна. До овој момент не е познат ниту бројот на осомничени лица, ниту пка, има некаква информација дали осомничените се во земјава или не. Она што само се открива е дека продолжува сослушувањето на сведоци, распитот на осомничени и прибирањето на релевантни докази за можно кривично дело. Во една ваква ситуација партиите излегуваат со обвинувања. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека скандалот почнал во 2017 година кога на власт дојде СДСМ.
Од СДСМ пак, возвратија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се плашел од исходот на истрагите и затоа наместо да ги охрабрува истражните органи, барал предвремени парламентарни избори.
„Христијан Мицкоски треба да одговори пред јавноста дали се плаши од тоа што ќе покаже истрагата на Онкологија? Структурата е формирана пред многу години и денес дојде време секој што згрешил да се соочи со одговорноста и да излезе пред лицето на правдата“, велат од СДСМ.
Јавното обвинителство пред неколку дена ги повика сите кои имаат сознанија за скандалот да дадат помош и информации, но побара и случајот да не се политизира, да се почитува емоционалната состојба на засегнатите пациенти, а работата на истражните органи да не се попречувала.
Адриан Керими