МАКЕДОНИЈА

МВР: Истрага против дилер на кокаин во Гостивар

МВР: Истрага против дилер на кокаин во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на селото Чегране, поради сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Advertisements

Како што појаснуваат, осомничениот, во текот на месецов од непознато лице набавил наркотична дрога – кокаин и ја препакувал со намера да ја препродава. При извршен претрес во куќата во која живее осомничениот се пронајдени 22 помали пакувања кокаин со вкупна нето маса од 10,38 грама. Дрогата била сокриена во пластичната цевка за канализација во подрумот на куќата.

-Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот донесе решение со кое на осомничениот му определи мерка куќен притвор, соопшти МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button