ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР не соопштува детали за убиството на Бит пазар минатата недела, се трага по напаѓачите

МВР не соопштува детали за убиството на Бит пазар минатата недела, се трага по напаѓачите

Министерството за внатрешни работи не открива нови детали за убиството кое во петокот среде бел ден се случи во близина на Бит Пазар, а во кое загина едно лице. Полицијата се уште трага по напаѓачите кои го усмртија 31-годишниот Алајдин Сулејмани, а ниту три дена подоцна истражните органи не го откриваат идентитетот на сторителите, ниту пак информацијата за тоа дали истите се пронајдени. За причината за убиството, исто така нема официјални информации. Инаку, за потсетување, Сулејмани беше убиен во петокот околу 14-часот во пукање во близина на Бит Пазар, а како што извести тогаш полицијата две лица на мотор пукале во жртвата. Сулејмани најпрво се здобил со неколку прострелни рани по што веднаш бил пренесен во Ургентниот центар на комплексот клиники Мајк Тереза. Нешто помалку од два часа откако бил хоспитализиран Сулејмани им подлегнал на повредите и починал. Јавен Обвинител извршил и увид на местото на настанот, а од Обвинителството известија и дека телото на починатиот е предадено на обдукција. На местото на настанот биле најдени повеќе чаури, а оштетени биле и неколку стакла од околните продавници, како и неколку паркирани возила. Неофицијално, мотивот за убиството е банален, а на кој му претходела тепачка која се случила неодамна меѓу две групи.

Advertisements

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button