МВР против измените на Законот за државјанство предложени од Алијанса и Алтернатива

Министерството за внатрешни работи е против предлог-Законот за државјанство поднесен од Алијанса на Албанците и Алтернатива во Собранието. Министерството за внатрешни работи, ги оспори спорните одредби во постојниот закон, за кои опозицијата бараше долгорочни решенија, во врска со олеснување на постапките за добивање државјанство.
Се противи и на предлогот преку искази на тројца сведоци, граѓани кои живеат од 8 септември 1991 година во земјава и кои претходно живееле во една од државите на Поранешната Југословенска Република, по усвојувањето на законот, да можат да поднесат барање за државјанство.
„Некои аспекти не се јасно дефинирани како што се: начинот на добивање државјанство, или стекнување државјанство како резултат на натурализација во рамките на државата. Разликата меѓу нив е суштинска: констатацијата значи државјанство од моментот на раѓање, додека натурализацијата значи процес од поднесување на одлуката за државјанство“, се наведува во мислењето од МВР.
Категориите на лица во вклучените норми не се јасно дефинирани, бидејќи со дефиницијата „да живееле“ од 8 септември 1991 година без да се наведе периодот, може да се толкуваат деновите, месеците и годините; Не се дефинирани условите за државјанство и важноста на доказите за исполнување на условите согласно законот”
МВР го отфрла и скратувањето на периодот на натурализацијата. Опозицијата предлагаше периодот „8 години“ да се намали на „4 години“, но според полицијата овој предуслов се повикува на Европската конвенција за државјанство и напоменува дека во 2004 година овој период бил намален од 15 на 8 години.
„Стекнувањето државјанство претставува највисок степен на интеграција во општеството, кој прво мора да има постојан престој во државата. Со евентуалното прифаќање на оваа предложена промена, условот за добивање државјанство во РСМ ги намалува условите за добивање престој (5) и може да има импликации врз Законот за странци”, се додава во мислењето од МВР.
МВР се спротиставува и на признавањето на еден од официјалните јазици во земјата. Според МВР, намерата заснована на Законот за употреба на јазиците не е јасна и не се дадени силни аргументи за негово спроведување во пракса. Дури и нивното образложение е колку неуставно толку и дискриминирачки, бидејќи според нив познавањето на друг службен јазик, во овој случај на албански јазик, е ризик државјаните од Албанија и Косово да аплицираат за државјанство во Северна Македонија.
“За разлика од македонскиот јазик, другите официјални јазици што се користат во РСМ, се јазици на други земји, и странците од тие земји ќе бидат фаворизирани за условот за јазик”, се додава од МВР.
МВР се спротивстави и на предлогот за наследување на статусот државјанин благодарение на првата генерација. Опозицијата предлагаше државјанството да се наследува и на втората генерација, но според полицијата, со ова државјанство ќе добијат и многу граѓани од Косово, Црна Гора, Босна, Хрватска, Словенија и Србија, но исто така и граѓани раселени во Турција.
Исто така, не е прифатено олеснувањето на постапките за добивање државјанство преку брак. Според полицијата, ова е направено затоа што државните политики не дозволуваат без исполнување на условите како што се поседување на недвижен имот (куќа или стан) и средства за живот да се добие државјанство за да не се влијае на растот на социјалните случаи.
Законот за државјанство предложен од опозициската коалиција Алијанса – Алтернатива е во собраниска процедура. СДСМ најави амандмани, а ВМРО-ДПМНЕ и Левицата се изјаснија против законот.
Адријан Керими