ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР: Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК

Министерството за внатрешни работи претпладнево потврди дека во тек е полициска акција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Advertisements

Според неофицијалните информации десетина лица се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино.

-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста, соопштуваат од МВР.

Според дел од медиумите истрагата опфаќа 25 субјекти, од кои 23 се физички лица, а две се правни лица. Акцијата се спроведува во неколку градови, вклучувајќи Битола, Велес, Кичево и Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button