МАКЕДОНИЈА

МЖСПП: Нема опасност по здравјето и животната средина од опожарената сува трева до малата депонија со линдан

Нема опасност по здравјето и животната средина од опожарената сува трева до малата депонија со линдан во кругот на ОХИС, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Advertisements

Министерството информира дека согласно информациите добиени од Државниот инспекторат за животна средина утврдени при вонредниот надзор во кругот на ОХИС, каде вчера избувна пожар, дека станува збор за опожарена сува трева до малата депонија со линдан, но и на дел од поранешна административна зграда.

Пожарот е локализиран, а дополнителна опасност по животната средина и здравјето на луѓето од запалување на линданот или други опасни материи не постои од причина што во кругот на ОХИС нема веќе складиран опасен хемиски отпад, а линданот е на безбедно, покриен е со глина и земја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button