СВЕТ

„Вашингтон пост“ наложи задолжителна вакцинација против ковид-19 за своите вработени

Вработените во „Вашингтон пост“ мора да приложат доказ дека се вакцинирале против ковид-19 до средината на септември, доколку сакаат да останат на работа.

Исклучоци ќе бидат направени само од медицински и религиозни причини, наведе издавачот Фред Рајан во писмо до вработените.

Добавувачите и гостите на весникот, сопственост на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, исто така ќе бидат примени во редакцијата само со документ за вакцинација.

Новата политика за вакцинација на „Вашингтон пост“ доаѓа во услови на зголемување на случаите ковид-19 во САД, што се припишува на позаразната Делта-варијанта на вирусот.

Рајан рече дека повеќето вработени во весникот веќе доставиле документ за вакцинација. Тој истакна дека одлуката не е лесна, но верува дека планот е исправен со оглед на состојбата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button