ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На ДУИ најмалку им е до јазикот и до било што друго, исплашени се за својот криминално стекнат капитал, вели Мицковски

Откако ДУИ најави дека ќе бара интерпелација на уставните судии, претмиерот Христијан Мицкоски рече дека вистинската намера на ДУИ всушност е да го прикрие својот криминал. Според Мицкоски, на ДУИ не му е грижа ниту за прашањето за јазикот, ниту пак за интерпелацијата на уставните судии.

Advertisements

„На ДУИ најмалку им е дојдено до јазикот и до било што друго и до уставните судии. Тие (ДУИ) се исплашени се за својот криминално стекнат капитал и за основаните сомневања за криминалот кој што се случувал изминативе години, посебно последните две години,бидејќи на оној дивајчки криминален начин како што го сменија кривичниот законик за жал се амнестираа за криминалот од минатото и за жал тука ништо не можеме“, рече Мицкоски.

Според Европскоиот Фронт ако има логика да се бара интерпелација за член на судски совет, тогаш има логика да се бара интерлепалција и за уставен судија.

„По таа логика ние кажавме дека можно е ние како пратеничка група да свикаме интерпелација и за членовите на уставниот суд, затоа што според нас има тенденции за отстранување на одредени одребди од законот за употреба на јазиците, што свушност подразбира укинување на законот за јазиците, затоа што ние сме кажале неколку пати тој закон е како резултат на политички договори, како резултат на еден многу сериозен процес и секое начнување кон тој законт значи елиминирање и на процесот и на законот“, рече Елми Азири – Европски фронт.

Овој петок се очекува уставниот суд на брифинг со новинарите да информира за можната одлука и постапување над законот за употреба на јазиците, кој моментално е во процедура на оценување на уставноста.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button