ВЕСТИЕКОНОМИЈА

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук

Во вчерашната акција на Кванташки пазар инспекторите одземале над 15 тони овошје и зеленчук, соопшти на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Прекршочни пријави ќе има за управителите на „Кванташки”- компанијата Анмарк Мк ДООЕЛ.

Тој потенцира дека ќе има казни за увозници на овошје и зеленчук, но и за компании кои се занимаваат со малопродажба како што се „Веро”, „Стокомак”, „Кипер”, „КАМ”, „Тинекс” и други.

Бектеши најави дека ваквите акции на инспекторите ќе продолжат и понатаму.

Министерот соопшти дека оваа недела ќе се достават и кривични пријави за одредени правни субјекти за непочитување на одлуките на Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button