МАКЕДОНИЈА

На маргините на ОБСЕ Самитот усвоена заедничка изјава за безбедност на новинарките

Вкупно 46 од 57 земји членки на ОБСЕ се согласија на заедничка изјава за безбедност на новинарки во која стои дека како приоритет ќе биде ставено клучното прашање за безбедноста на новинарките на интернет и на меѓународната сцена, и во соодветните национални контексти.

На маргините на 30. Министерски состанок на ОБСЕ што се одржува деновиве со Скопје, министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, истакна дека прогресот единствено може да биде постигнат со инклузивност.

– Достигнување на инклузивност значи дека мора да ги дуплираме напорите за да се избориме со родово- базираното насилство, онлајн и офлајн, рече тој.

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Тереза Рибеиро, на настанот истакна дека ако немаме пристап до јавно место и право на изразување, тогаш нашата демократија и плурализам не ја постигнале целта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button