ВЕСТИЗАБАВА

На продажба дијамантски прстен на Елвис Присли

Златен прстен со дијаманти кој му припаѓал на Елвис Присли се очекува да се продаде за повеќе од 500 илјади долари на аукција во Лос Анџелес. На неа ќе се нудат и предмети на други музички ѕвезди. Прстенот на Присли е од периодот после 1969 година кога тој им се врати на концертите откако се фокусираше на филмовите. Прстенот има и дијамант од 7,5 карати. Организаторот на наддавањето најавува дека првичната цена ќе изнесува 350 илјади долари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button