ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На работниците за празници им следува дневница повисока за 250 проценти

На работниците кои работат на празник треба да им  биде исплатена дневница од најмалку 250 проценти апелираат од Сојузот на синдикати. Од понеделник ќе поднесуваат пријави до трудовиот инспекторат кој ќе треба да провери дали на крајот на месецот работниците добиле празнична дневница. Сидикатите ги повикуваат работниците да пријавуваа доколку не им била исплатена дневница, а работеле за празник.

„Им укажуваме дека доколку работат на празниците им следува дневница од 250 проценти или тоа значи дневница за колегата кој седи дома и му е платен работниот ден,  една дневница зошто на празник се работи за 50 проценти зголемена. Ова право е уредено во општиот колективен договор во приватниот сектор и како такво се применува без оглед на тоа што во Законот за трговија се пропишува дека дневницата треба да биде повисока до 100 проценти.“

Денешниот и утрешниот ден се неработни денови односно се празнуваат, и треба да се неработни денови според Законот за трговија освен за исклучоци.

Од државниот испекторат за труд појаснуваат дека исплатата на празнична дневница е задолжителна. Бидејќи денеска е верски празник трговијата на мало  и големо е дозволена, но утре маркетите и продавниците не смеат да работат.

„ Работодавачите на верските празници можат да вршат дејност трговија на мало и големо и се должи да исплатат празнична дневница за секој час поминат на работа. Додека во сите државни празници кои се неработни денови за сите граѓаните работодавачите не смеат да вршат дејност на големо и мало освен со пропишаните искучоци пропишани во Законот за трговија.“

Според Законот за трговија на државните празници можат да работат продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи, цвеќиња, колачи, моловите и трговските центри како штандови на организирани фестивали, саеми, концерти и сл.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button