МАКЕДОНИЈА

На „Табановце“ се чека до 40 минути за влез во државава

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека од 30 до 40 минути, а на останатите премини нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.

Advertisements

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, а на одредени места е по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button