ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На целата територија на Скопје има околу 9.400 места за паркирање со кои управуваат јавните претпријатија, а има стотици илјади регистрирани автомобили

Недостатокот на места за паркирање е еден од проблемите со кои секој ден се соочуваат жителите на главниот град. Граѓаните велат дека е тешко да најдат паркинг, па затоа често не ги користат своите возила.

Advertisements

Во последно време не. Сега е голема гужва и од странство возилата што се дојдени и од селата и така станува гужва, особено кога треба да патуваме до факултет или работа, тоа е голема катастрофа … Јас лично патувам повеќе со такси и автобус“.

Од „Градски паркинг“ велат дека во моментот имаат само околу 9.400 места за паркирање на зонско паркирање и на катните гаражи. А жителите на главниот град имаат доставено околу 125 илјади барања за паркирање и секоја година има по 10 илјади барања плус. Заменик директорот на  „Градски паркинг“ Агим Зендели вели дека во моментот не може да се исполнат ниту половина од потребите на граѓаните за паркирање. Според него, вината е и во сложените процедури за отворање нови паркинг места, кои мора да поминат во повеќе институции.

“Целата држава е насочена во главниот град и навистина не верувам дека можеме да ги задоволиме ниту 50%, а не 100% потребите и барањата на граѓаните. Преземени се чекори како преку Град Скопје, општините, но исто така и ние како јавни претпријатие што управуваме со паркинзите во градот Скопје, реално има и  постапка која мора да помине во Сојузот за сообраќај, па да помине во советот на општината во кој треба да се отворат нови паркинзи и потоа да дојдат кај нас. Наш интерес е да отвориме што повеќе паркинзи“.

Додека на територијата на Град Скопје има помалку од 9.400 места за паркирање, од Министерството за внатрешни работи велат дека секоја година се регистрираат десетици илјади нови возила. Министерството за внатрешни работи наведува дека минатата година биле регистрирани 181.124 возила, од кои за прв пат биле регистрирани 14.814.

Mefail ISmaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button