ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопска Апелација за иста постапка, со два различни става

Различна диоптрија во скопска Апелација. Судот со двојни аршини, по однос на одлуки кои ги донеле апелационите судии по жалби на осудени. Ги анализиравме пресудите за слуачите „Триста“ за набаката на возила за полицијата и предметот „Рекет“ каде осудени се Боки 13 и Катица Јанева. Заеднички во двата предмета се вештачењата кои се правени, но и различните погледи на Апелација по однос на лиценците на вештацита. Во „Триста“, судиите предметот го вратија на повторно судење, а на осудениот Ѓоко Поповски му беше прифатенаа забелешката дека, вештакот, вештачел со истечена лиценца.

Пресуда на Апелација за „Триста“

„Не може да се прифати образложението на првостепениот суд дека и покрај тоа што ова лице поднело барање за продолжување на лиценцата во законски предвидениот рок, Министерството за правда не го почитивал Законот и Правилникот и не му ја продолжил лиценцата на вештото лице, дека вештото лице немал пречка да е јави како изготвувач на вештиот наод и мислење, бидејќи факт е дека во времето на изготвувањето на вештиот наод и мислење немал важечка лиценца“

Но што напишаа апелационите судии во високо профилниот случај „Рекет“. Жалбата на Боки 13 и Јанева за вештачењата кои не ги направил овластен лиценциран вештак, судот не ја прифати. Судот смета дека вештачењата кои ги направил секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР е доволен. Судиите се со став дека било правило кога за определн вид на вештачење постои високообразовна, научна или стручна установа – вештачењата да ги прави орган на државната управа.

Пресуда на Апелација за „Рекет“

„Во таа насока, неосновани се наводите со кои се опосруваат вештачењата во конкретниот случај и се наведува дека истите се незаконоти од причина што вештите лица немаат лиценца за вршење на вештачења, со што се оспорува и кредибилитетот на спроведените вештачења и се наведува дека истите се незаконити од причина што вештите лица немаат лиценца за вршење на вештачења, со што се оспорува и кредибилитетот на спроведените вештачења“

Адвокатите на поранешната шефица на СЈО во жалбата до Апелацискиот суд, се жалеа токму на вештачењата кои не ги направил лиценциран вештак и поарди тоа очекуваа предметот да се врати на повторно судење.

 Дељо Кадиев, адвокат

„Вештачењето е едно до доказните средства кои даваат тежина, и Законот за кривична постапка предвидува дека исклучиво го вршат лиценцирани вешти лица. Лице може да биде несопорно стручно но ако нема лиценца тоа не може да врши вештачење. Ако се изведе како во овој случај вештачење од такво лице тоа е суштествена повреда на одредбите од ЗКП и тоа треба да доведе до укинување на пресудата“

Одбраната на Јанева најави дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд, но таа не го одложи одењето во затвор на пораншената шефица на СЈО. Таа е во Идризово, а зад решетки е и Бојан Јовановски. Сега двајцата имаа можност да побараат прекин на издржувањето на затворската казна а дали има услови ќе одлчува судија за извршување санкции од Кривичниот суд.

Bojan Stojanovski

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button