ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од утре сите граѓани кои од здравствени причини не можат да одат на пунктот за вакцинација, можат да се вакцинираат дома

Од утре сите граѓани кои од здравствени причини не можат да одат на пунктот за вакцинација, можат да се вакцинираат дома, односно каде што живеат. Пријавувањето за вакцинација на неподвижни лица може да го направи секој од членовите на семејството, со директно пријавување во здравствениот дом на градот каде што живеат или преку телефонските линии што Министерството за здравство ги објави за секој град. Вакцинацијата дома ќе ја вршат мобилни тимови на здравствени домови во градовите во земјава. Во меѓувреме продолжува, вакцинацијата на терен и на други точки за вакцинација. До вчера беа вакцинирани околу 490.000 граѓани, од кои над 330,000 во две дози. Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 17.085 лица, од кои 5.977 со првата доза.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button