ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

На училиштата им се стемни од скапата струја

На училиштата им се стемни од скапата струја

Тешка зима ги очекува училиштата во земјава, а државата мора под итно да ги зголеми блок дотациите за образованието, апелираат од општините. Сегашните пари не се доволни. Некои локални самоуправи размислуваат на крововите на училиштата да инсталираат фотонапонски колектори за струја, но тоа е нешто за кое е потребно повеќе време, а зимските месеци се на прагот.

Advertisements

„Ќе биде потешка зимата, не е тоа спорно. На сите ни е јасно дека имаме сериозни проблеми во однос на цената на струјата. Секако дека треба зголемување на блок дотациите по однос на електричната енергија“, изјави Кирил Пецаков- градоначалник на Охрид.

Но, досегашната соработка на релација општини – Влада не ветува многу, вели Пецаков.

„…Со оглед на тоа што како ЗЕЛС имавме сериозни предлози до Владата, коишто вистински би им излегле во пресрет како на општините, така и на училиштата кои имаат проблем со цената на струјата, нас не ни беше ништо прифатено…“, рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Слична е состојбата во скоро сите општини во државата.

„Сериозен проблем е обезбедување на средства и енергенси. Цените се вртоглаво отидени и се 4-5 пати поголеми од претходно кои ги плаќавме. Општина Кочани ја направи непопуларната мерка, ребаланс на буџетот. Уште во април ги потрошивме тие средства и сега влегуваме во нова јавна набавка за избор на економски оператор, кој ќе не снабдува со електрична енергија…“, нагласи Љупчо Папазов- градоначалник на Кочани.

„Mислам дека сите одговорно и ние на локално ниво и Министерството за образование ги правиме сите напори и мислам дека ќе успееме учениците да бидат згрижени во топли училишта. Последното нешто е она што треба да го направиме за учениците, да бидат испратени дома или да учат онлајн“, додаде Виолета Ристоска-директорка на ОУ Блаже Конески-Аеродром.

Прашавме во општина Струга, како планираат да се справат со енергетската криза, во однос на функционирањето на училиштата, ако се знае дека дел објектите се многу стари, но одговор не добивме. Дел од градоначалниците ја заговараат идејата зимскиот распуст да биде продолжен и да трае во декември и јануари, како би се заштедило на струја, дрва и нафта./Alsat.mk

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button