ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На Вевчанскиот карневал „се појавија“ Груевски, Кастриот Реџепи и Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ, пратеникот Кастриот Реџепи, Никола Груевски, Стојанче Ангелов, ИСИС, пожарникари, сите прошетаа низ вевчанските улици на стартот на овогодинешниот Вевчански карневал. Присутните можеа да се вакцинираат и со божемни вакцини. Тука беа и традиционалните маски.

 

„Прскаме корона за кодоши.“

„Маскава е дрва за децава да ги стоплиме, за ѓомлезе. Скапи се. Новата влада гледа само за нив да јади леб, за нас ако остани ќе ни даде.“

„Сакате ли да ве внесам во Европа. Сакате  ли? Со мене во Европа, кога сакате!“

„Овде пишува дека сум јас Никола Груевски. И на овој ден пред многу години – ‘вртевме вртевме тоа лебот и паричката се падна кај мене’. Сега сум малку пропаднат, но ќе се вратиме, ќе ја спасиме Македонија!“

Градоначалникот на Вевчани вели дека секогаш станува збор за маски кои немаат за цел некого да навредат. Минатата година на карневалот интервенираше полицијата поради непочитување на анти-ковид протоколите, а беше запалено и бугарското знаме.

„Не треба да бидеме суетни. Тоа се маски кои не сакаат никого да повредат или навредат, никакви национални или верски чувства, туку сакаат да ја прикажат годината онаква каква што била на сатиричен и хумористичен начин…“

И годинава беа присутни бројни домашни гости и амбасадори. Карневалот во Вевчани се одржува секоја година, во пресрет на православната Нова година, што се слави вечерва. Се претпоставува дека е стар колку што е старо и самото село, односно повеќе од 1.400 години. Завршува утре со традиционалното палење на маските среде Вевчани.

Miki Trajkoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button