ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Секој четврти тест позитивен на КОВИД, владее ОМИКРОН

Секој четврти тестиран е позитивен на Ковид-19, додека во околу 70% од материјалите се регистрира сојот омикрон кој е веќе присутен во 12 градови во државава. Според имунологот Мирко Спировски, пикот сè уште не е достигнат, но во наредниот период се очекува стагнација на бројот на новозаболени, а потоа би следувало значително опаѓање и стабилизирање на состојбата.

Омикрон брзо се шири, а низ земјава има над 350 хоспитализирани пациенти во болниците.

По варијантата Омикрон, евентуалното појавување на други мутации би било многу полесно во споредба со сегашните. Имунолозите очекуваат крајот на пандемијата да биде до крајот на оваа или најдоцна до почетокот на следната година.

Vjollca Alit

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button