ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На владина седница презентиран првиот извештај за реализација на активностите од Стратешкиот дијалог со САД

На вчерашната владина седница бил презентиран првиот извештај за статусот на имплементација и реализација на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог помеѓу земјава и САД, информираа денеска од Министерството за надворешни работи (МНР). Извештајот е изработен од МНР како координатор на целокупниот процес, а на вчерашната владина седница бил презентиран од ресорниот министер Бујар Османи.

Од МНР потсетуваат оти клучните области за соработка меѓу С Македонија и САД, кои се дефинирани со Стратешкиот дијалог, се „Регионални иницијативи“, „Одбрана и безбедност“, „Врски меѓу луѓето“, „Билатерална соработка“, „Добро владеење и владеење на правото“, „Трговија и инвестиции“.

Во областа „Регионални иницијативи“, како што посочуваат од МНР, остварена е потесна соработка и обезбедена е поддршка од САД за претседавањето на С Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) како и САД – Јадранската Повелба. Во оваа насока од Министерството посочуваат оти двете земји имаат интерес за подлабоко присуство на САД на Балканот важен двигател на развојот и стабилноста на регионот.

„Во делот ‘Одбрана и безбедност’ беа одржани заеднички обуки и вежби со САД, вклучително и со регионалните сојузници, обезбедена беше американска поддршка за континуиран развој на способностите на С Македонија за постигнување на НАТО-целите, како и соработка за јакнење на способностите за киберодбрана“, посочуваат од МНР.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button