РАКОМЕТФУДБАЛ

Начевски-Николов ќе jа дели правдата на Олимписките Игри „ Париз 2024“

Шеснаесет судиски парови се делегирани да судат на Летните олимписки игри во Париз, а очекувано свои претставници има и Македонија.

Нашата најдобра судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел од најголемиот спортски настан оваа година. Покрај македонските арбитри, од регионот има уште судиски парови од Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Ракометниот турнир започнува на 25 јули, финалињата се закажани за 10 и 11 август. Натпреварите од нокаут фазата во двете конкуренции ќе се играат на стадионот „Пјер Моруа“ во Лил./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button