
Киро Христовски, поранешен пациент на дијализа, веќе осум и пол години е еден од многуте пациенти на листата на чекање за трансплантација на бубрег. Пред три години животот му се промени кога доби бубрег од донор кој загинал во сообраќајна несреќа.
Христовски додава дека дарувањето органи спасува живот.
Кај нас околу 160 пациенти чекаат трансплантација на бубрег. Според информациите, во моментов имаме над 1.650 пациенти на дијализа во 23 центри за дијализа, во 17 градови низ државата. Најмладиот пациент има само 13 години. Здружението за бубрежни заболувања „Нефрон“ повикува на создавање глобална стратегија за справување со бубрежните заболувања, со акцент на превенцијата и раниот скрининг за навремено откривање на болеста.
Авни Тахири