ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над 80 илјада граѓани досега доставиле барање за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 расте. Откриено е дека 70% од новите случаи се од новиот вид на британскиот вирус. Министерот за здравство вели дека ова може да се смета како нов мини- бран на вирусот, додека врз основа на процентуалното зголемување на случаите ќе се испита дали ќе има нови мерки. Инаку, иако беше најавено дека кинеските вакцини и вакцините „Фајзер“ ќе пристигнат на крајот на оваа недела, Филипче вели дека завршуваат процедурите за набавка на истите.

Досега се вакцинирани околу 2.000 здравствени работници, додека над 80.000 граѓани се пријавиле да се вакцинираат. Некои од нив велат дека не се информирани каде треба да се пријават иако се заинтересирани за вакцинација, додека од министерството велат дека планираат да направат кампања за подигнување на свеста за вакцините.

„Заинтересиран сум за вакцинирање, но не знам како и каде? Мислам треба да одам на лекар. Ггледам дека нема вакцини за сите, ми се чини дека треба да има вакцинација и ревакцинација по 14 дена”.

„Не, не се пријавив за вакцинација. Да бидам искрен, нe знам дали сакам да добијам.

Во последните 24 часа се регистрирани 554 случаи со Ковид, 8 жртви и 210 излекувани. Скопје води по бројот на случаи, следуваат Кавадарци, Прилеп и Куманово.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button