ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над 80 проценти од Куманово има вода која треба да се користи како техничка

Над 80 проценти од Куманово има вода во домаќинствата, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Водовод“. Во наредниот период се очекува целосно стабилизирање на водоснабдувањето. Во моментов без вода се повисоките делови од градот, граѓаните од „Народна Револуција“, од „Франц Розман“, „Бајрам Шабани“, граѓаните од делот во близина на градските гробишта. Кај граѓаните од централното градско подрачје, според информациите, целосно е стабилизирано водоснабдувањето.

– Над 80 отсто од граѓаните непречено добиваат вода од водоснабдителниот систем. Во текот на наредните неколку часа се очекува целосно стабилизирање во сите делови од градот. Напомнуваме водата да се користи како техничка, се до конечна потврда од Центарот за јавно здравје кои треба да направат три последователни анализи кои ќе ја потврдат исправноста на водата на пиење, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојамновски.

По првата анализа резултатите се очекуваат во рок од 48 часа, а потребни се три последователни анализи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button