ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над 85% од граѓаните лани користеле интернет

Над 85% од граѓаните лани користеле интернет

Секоја година се зголемува бројот на деца во земјава кои ги користат социјалните мрежи. Само во текот на минатата година над 85% од граѓаните сурфале на Интернет неколку пати на ден и колку е поголема оваа бројка, толку повеќе се зголемува ризикот од радикализација на младите и контролата при нивното користење на интернетот станува отежната.

Advertisements

Викендов 14 годишно девојче во Скопје го загуби животот обидувајќи се да сними видео на „Тик Ток“. Се качила на вагон-цистерна, но загина од струен удар.

Социологот Љуљзим Хамиди од Државниот совет за спречување на детска деликвенција, алармира дека социјалните мрежи создале „нов свет“ за децата кој е опасен и воопшто не е безбеден.

„Многу е важно родителите да имаат пристап до детето каде оди, што прави, што користи, какво е неговото здравје, друга агресивност. Не можам да кажам ништо за евентуална забрана. Отсекогаш сум бил против социјалните мрежи затоа што гледам деца како седат во соба со четири ѕида, нурнати се во социјалните мрежи и немаат контакт со околината. Тие се во друг свет. Во моментов ни треба институционален општ пристап“, рече Љуљзим Хамиди, Социолог.

Една недела претходно, Комисијата на ЕУ им забрани на своите вработени да ја користат апликацијата Тик Ток на нивните работни телефони. Премиерот Ковачевски пак, предупреди на регулирање на правилното користење на социјалните мрежи од страна на децата, преку стратегија за дигитализација и стратегијата за медиуми.

Но, државата не ги почитува во целост ниту средствата што ги има при рака за спречување на ваквите појави. Иако според Законот за детска правда, општините се обврзани да формираат општински совети кои би работеле на спречување на детски криминал, само 33 од вкупно 81 општина ги формирале. Според информациите, дури и таму каде што се формирани, советите се целосно нефункционални. Електронските игри освен што ги изложуваат младите на различни ризици, имаат и психолошки последици преку подигање на нивото на стрес, поттикнување на агресивно однесување и намалување на прагот на толеранција./Алсат.мк

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button