ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Надзорот за изградба на модуларните болници не го правела акредитирана фирма?

Надзорот на градбите на модуларните билници не го правела ниту една акредитирана фирма за тоа. Ниту еден јавно објавен документ или склучен тендерски договор од страна на Министерството за труд и социјална политика не посочува дека фирма вршела надзор. Во документот се наведува дека по завршување на постапката дополнително ќе се назначи надзор, но такво нешто понатамошната документација – нема.

Инаку, Според „Планот за еколошки и социјален менџамент“, објавен на веб – страницата на Министерството за труд уште во 2020 година, надлежни за спорведување на проектот се Светска банка и овој ресор. Целата надлежност за контрола на модуларните болници била на општините и на директорите на болниците. Таков е и случајот со модуларната болница во Тетово која пред 13 дена изгоре и одзеде 14 човечки животи.

Директорот на тетовската болницата Флорим Бесими бил задолжен за противпожарната заштита, за редовно одржување на инсталациите како водовод, канализација, струјата и греењето, надлженост која ја дели со општината Тетово и со комунален инспектор. Проверките и евентуалните санации треба да ги плаќа самата болница.

Инаку, обвинителството досега сè уште ги нема утврдено причините за избувнувањето на пожарот. Иако премиерот Зоран Заев вчера најави дека до петок можно е да се финализираат извештаите на обвинителстото, оттаму не гарантираат за никаков рок.

„Во моментов не може да се зборува за конкретни рокови, ниту пак да се прејудицира датумот кога ќе бидат дејствијата завршени“, наведоа од Обвинителството.

Според „Планот за еколошки и социјален менаџмент“, локалните власти се надлежни во речиси сите фази од изградба и контрола на модуларните болници, а други технички обврски има и изведувачот, односно фирмата „Брако“ која ги градеше модуларните болници.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button