ВЕСТИЗДРАВСТВО

На вакцините можеби ќе им требаат промени против мутациите на коронавирусот

Главниот извршен директор на германската биотехнолошка фирма БионТек Угур Сахин, чија компанија ја разви првата вакцина против ковид-19, Фајзер рече дека најверојатно ќе биде потребна нова формула до средината на 2022 година за заштита од идни мутации на вирусот. Тој за Фајненшл тајмс изјави дека со текот на времето мутациите во вирусот ќе го намалат имунолошкиот одговор на телото. Иако оваа година не е потребна нова вакцина, „до средината на следната година, може да биде поинаква ситуација“, рече тој, наведувајќи дека делта сојот кој во моментов е доминантен во поголемиот дел од светот е повеќе заразен, но не е значително различен за да ги направи сегашните вакцини неефикасни.

Тој додаде дека третите дози ќе помогнат во одржувањето на имунитетот. Но, рече тој, бидејќи вирусот продолжува да мутира, може да ја ослабне ефикасноста на вакцините. „Овој вирус ќе остане и дополнително ќе се прилагоди. Немаме причина да претпоставуваме дека следната генерација на вирусот ќе биде полесен отколку постојната генерација. Ова е континуирана еволуција и таа еволуција штотуку започна“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button