РЕГИОН

Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград

Во сообраќајна несреќа во Нов Белград повредени се 18 лица откако градски автобус, што се движел со голема брзина, удрил во луѓето кои биле на автобуската постојка, а потоа удрил во друг автобус.

Advertisements

Помеѓу повредените е и едно дете и една бремена жена. На местото на несреќата има голем број полицајци, пожарникари и возила на брза помош. Повредените се хоспитализирани во неколку белградски болници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button