ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најниска температура во Берово – 7, денеска променливо облачно со слаб дожд, а на планините слаб снег

Најниска температура во Берово - 7, денеска променливо облачно со слаб дожд, а на планините слаб снег

Најниска температура утрово е измерена во Берово – 7 степени, во Битола – 5, на Попова Шапка -4, во Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија и Струмица – 3, во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Крушево, Дебар и Маврови Анови – 2, Виница, Кавадарци и Велес -1, Скопје-Зајчев Рид и Куманово 0, Дојран и Гевгелија 4 степени.

Најмногу снег има во Маврови Анови 12 сантиметри, во Дебар седум, во Крушево и Ѓуриште шест, во Битола и Попова Шапка пет, во Тетово и Охрид два сантиметри.

Времето денеска е променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со врнежи од слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button