ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Намален интересот за вакцинација во Липково

Намален е интересот за вакцинација против КОВИД-19 во Здравствен дом, Липково, информираа денеска надлежните од установата каде се спроведува вакцинацијата. Оттаму појаснуваат дека намален интерес има за прва, втора доза, додека за трета доза, има интерес помеѓу повозрасните граѓани. Најголем процент на дневно вакцинирани лица во Липково се токму граѓаните над 60 години.

-Вакцинацијата тече непречено, но во последно време, намален е интересот. Најмногу интерес има кај постарите лица. Прва доза примаат само оние граѓани кои планираат патување, изјави координаторот на вакциналниот пункт, Хамид Фетау.

Карванот на Министерството за здравство во недела е во Куманово во центарот на градот, (27 март од 11 до 15 часот на градскиот плоштад), додека наредниот ден 28 март од 12 до 16 часот е во Липково, на паркинг во село Матејче.

Локацијата ја одбрале Здравствениот дом од Липково, во соработка со надлежните од Министерството а здравство и општина Липково.
-Мислиме дека ќе има интерес. Апелираме до сите да ја искористат можноста, кажа Фетаи.

Според податоците на Здравствен Дом Липково со трета доза вакцинирани се 166 лица, а од отворањето на пунктот вакцинирани се 1.841 лице.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button