ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Намален водостојот на Охридското Езеро

За два сантиметри е намелен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за 10 сантиметри понизок од просекот за март. Пониско од просечното и тоа за 1,48 метри е и нивото на Преспанското Езеро, но сепак за 21 сантиметар го има надминато апсолутниот минимум. За разлика од Охридското и Преспанското, водостојот на Дојранското Езеро е за 3,05 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец.

Кај најголем број од реките во државата, пак, нивото е нешто помало од просечното и воглавно има мали промени нагоре или надоле во однос на вчерашниот ден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button