СВЕТ

И Шведска ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека

Шведска е последната европска земја што ја прекина вакцинацијата со АстраЗенека „поради претпазливост“, соопштила шведската здравствена агенција.

„Одлучивме да ја прекинеме вакцинацијата со АстраЗенека сѐ додека Европската агенција за лекови не спроведе истрага за сомнителните несакани ефекти“, се вели во соопштението.

Шведскиот главен епидемиолог Андерс Тегнел за шведскиот ТВ4 изјавил дека се појавиле некои нови несакани ефекти кои досега не биле пријавени и дека тоа се некои прилично сериозни симптоми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button