ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Силно торнадо опустоши град во Ајова, има загинати

Силно торнадо синоќа зафати мал град во Ајова, при што загинаа неколку луѓе, а најмалку десетина се повредени, соопштија властите.

Речиси целата држава Ајова беше во „исклучително опасна ситуација“, според Националната метеоролошка служба, која издаде неколку предупредувања за торнадо. Сепак, најлошо помина Гринфилд, град со околу 2.000 жители.

Торнадото опустоши голем дел од градот, при што загинаа неколку луѓе, а десетици се повредени.

„Можеме да потврдиме дека ова торнадо резултираше со повеќе смртни случаи, а десетина луѓе се пренесени во болници“, рече наредникот Алекс Динкла, портпарол на државната патрола на Ајова, за време на вечерната прес-конференција во Гринфилд. Динкла не даде број на загинати лица, но рече дека би можело да биде објавено подоцна денеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button