ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Г.г. Стефан: Неприфатли се условите за добивање томос од Вселенската патријаршија

Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да и додели томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави архиепискот охридски и македонски г.г Стефан.

Прашан кога ќе биде доделен томосот, тој за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето.

„Тоа не може да се претпостави. Може да биде и утре, а може да биде и задутре. Така што ние да ја чуваме црквата, да ја градиме црквата, да градиме односи и релации со другите помесни православни цркви. Тоа ќе дојде кога ќе се исполни времето како што порачува и апостолот Павле“, изјави поглаварот на МПЦ-ОА.

Прашан што конкретно бара Вселенската патријаршија, тој посочи дека биле поставени неприфатливи услови: откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на Православната црква на Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button