ВЕСТИСВЕТ

Макрон пристигна во Нова Каледонија, најави останување на полициските сили

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Нова Каледонија, француска прекуморска територија погодена од насилни протести, каде најави дека 3.000 француски полицајци ќе останат на островот се додека е потребно.

„Во следните часови и денови ќе бидат планирани големи нови операции каде што е потребно“, рече Макрон на состанокот со политичките и деловните лидери на островот, нагласувајќи дека редот ќе биде целосно воспоставен бидејќи „нема друг избор“.

Тој додаде дека 3.000 француски полицајци ќе останат на тој остров, доколку е потребно, дури и за време на Олимписките игри во Париз.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button