ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Определен датумот за одржување на Конститутивната седница на Собранието

Констутитивната седница на Собранието, по одржувањето на единаесеттите парламентарни избори, ќе се одржи на 28 мај 2024 година, вторник, во 11 часот, информираат од Собранието.

Во согласност со Деловникот, со конститутивната седница до изборот на новиот претседател треба да претседава највозрасниот по години пратеник. Во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџику.

Претседателот Митрески, на денешниот состанок со претставници на политичките партии застапени во новоизбраното Собрание, ги информирал присутните дека дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседателот на Собранието.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button