ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата, средба со Радев не е остварена

За поддршката за евроинтеграцијата на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и за актуелните светски случувања денеска во Ватикан разговарале претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Како што јави известувачот на МИА од Рим, Сиљановска-Давкова во рамки на посетата на Рим и Ватикан во чест на одбележувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, денеска имаше аудиенција кај папата Франциск.

– Се усогласивме околу актуелните проблеми, околу поддршката на земјава кон Европската унија, поддршката на папата на Западен Балкан и рековме дека по 30 години од соработката, успесите се очигледни. Потврдивме дека посетата во 2019 година беше неверојатно инспиративна не само за малото стадо на кое му порача да не се плаши, туку за сите религии и дека сме пример за релиогиозен дијалог кој ќе продолжи, како и дека Ватикан верува во нашата сила, изјави Сиљановска – Давкова.

На аудиенцијата кај Папата денеска беше и бугарскиот претседател Румен Радев, но Сиљановска-Давкова и Радев не остварија средба поради, како што посочи Сиљановска-Давкова, неусогласување на агендите. Подготвеност за средба имало и од двете страни и таа е планирана за некоја наредна прилика.

– Изразивме подготвеност, но до средба нема да дојде. И двете делегации имаме агнеда меѓутоа рековме дека час поскоро, во првиот можен момент, ќе ја реализираме, изјави Сиљановска-Давкова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button