РАКОМЕТСПОРТ

Светската ракометна федерација (ИХФ) ја додели последната „вајлд-карта“

Светската ракометна федерација (ИХФ) ја додели последната „вајлд-карта“ за претстојното Светското првенство кое на стартот од 2025 година ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска.

Во игра за специјална покана беа повеќе држави, меѓу кои и Србија и Црна Гора, но ИХФ се реши виза за Мундиајлот да му даде на друга европска репрезентација. Клубот на учесници од стариот континент го затвора Швајцарија, која ја доби посакуваната „вајлд-карта“. Покрај двете поранешни Ју-држави, во игра за „вајлд-карта“ беа и Грција, Кина, Саудиска Арабија, Грузија…

На овој собир одново ќе ги гледаме нашите ракометари. Македонија во спектакуларен бараж-двомеч со Фарски Острови успеа да анулира негатива од седум гола и да се пласира на уште едно големо натпреварување.

Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка ќе се одигра во јануари следната година, а Македонија своите ривали во групата ќе ги дознае на 29 мај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button